(Видео) Доц. д-р Биљана Балабанова свечено го прими признанието „8 Ноември“

 Како и секоја година, традиционално во рамките на одбележувањето на 8 ноември се додели признанието на Општина Штип.

Меѓу другите, добитник на ова признание за особен придонес и афирмација на градот Штип во областа на науката е и доц. д-р Биљана Балабанова од Универзитетот „Гоце Делчев“.

  • Посебно ми е драго што денес го примам признанието „8 Ноември“. Посебна чест ми е што доаѓа од неакадемска институција. Сето тоа говори колку нашиот град, нашата општина, ја препознава науката како еден од главните афирматори на градот. Науката не е индивидуална работа. Сите тие научни резултати се постигнати како резултат на тимска работа и институционална поддршка и се надевам дека и понатаму ќе ја одржуваме тенденцијата науката и образованието да бидат наш најголем промотор - изјави доц. д-р Биљана Балабанова.

Покрај доц. д-р Биљана Балабанова од Земјоделскиот факултет при УГД, признанија добија и сопственикот на „Кит-Го“ Кирил Гогов, актерката Јелена Јованова и новинарот Мишко Иванов.

 

 

Последен пат изменето на Четврток, 08 Ноември 2018 14:53
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…