Пристапно предавање на проф. д-р Блажо Боев во МАНУ

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Блажо Боев во среда, 14 ноември 2018 година, ќе има пристапно предавање во МАНУ по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ.

Пристапното предавање ќе се одржи во 12 часот, на тема „АЛШАР – нови форми на живот“. Свечениот собир ќе го отвори академик Дончо Димовски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ, а за научната активност на проф. д-р Блажо Боев ќе говори академик Глигор Јовановски. По пристапното предавање ќе биде промовирана и монографијата „АЛШАР – светско природно наследство“. Промотори се академик Владимир Берманец и проф. д-р Доне Гершановски, а пригодна реч ќе има академик Таки Фити, претседател на МАНУ.

Покана

Последен пат изменето на Вторник, 13 Ноември 2018 15:08
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…