Професор на УГД публикува теоретско решение за еден од најкомплексните феномени во областа на електрохемиските протеински реакции

Научен труд на проф. д-р Рубин Гулабоски, декан на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е објавен во  едно од најреномираните научни списанија од областа на електрохемијата Electroanalysis.

Професорот Гулабоски во овој труд преку теоретски модел разјаснува еден од најмистериозните феномени на протеинските реакции кога се студираат со волтаметриски техники. Со детално теоретско проучување на својствата на липофилни протеини во техниката „квадратно-бранова волтаметрија“ се објаснети неколку феномени што повеќе од 40-тина години беа загатка за целиот електрохемиски свет. Во суштина, во теоретскиот труд на проф. Рубин Гулабоски за прв пат е објаснет феноменот на зголемување на интензитетот на струјата од оксидациско-редукциските процеси на голем број важни протеини, кога доаѓа до драстично намалување на нивната активна концентрација на површината од работната електрода на која се студираат нивните редокс својства.

Трудот е основа за модификување на софтверските решенија на голем број комерцијални инструментални системи што се дизајнирани за студирање на својствата на важна класа на метало-протеини, како и на нивните интеракции со физиолошки релевантни супстанци. Трудот на проф. Гулабоски беше прифатен без ниту една забелешка од рецензентите, со препорака за ургентно публикување на материјалот. Преку теоретските резултати презентирани во овој труд се отвора ново подрачје за евалуација на кинетичките и термодинамичките параметри што се релевантни за студирање на интеракциите помеѓу активните компоненти од голем број лекови.

Линкот до веб верзијата на трудот е:

https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1002/elan.201800739

Последен пат изменето на Четврток, 13 Декември 2018 08:36
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…