Проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на работилница на EUA-CDE

Проф. д-р Ленче Милошева, советник на ректорот на УГД за наука и научна соработка, од 16 до 19 јануари годинава престојуваше на тематски воркшоп во Амстердам, Холандија.

Ова учество доаѓа како последица од зачленувањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Европскиот совет за докторско образование (EUA-CDE) во јуни 2018 година во Љубљана.

Проф. д-р Милошева на Vrije Universiteit Amsterdam како претставник на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и претставник од Македонија, а во организација на Европската aсоцијација на универзитети и Советот за докторско образование (EUA-CDE) учествуваше на тематскиот  воркшоп со фокус на меѓуинституционалната научна соработка.

- Како учесници рефлектиравме разни искуства како универзитетите со различни цели и ниво на развој можат да имаат бенефит од различни форми на соработка. Ова се однесува на научна соработка помеѓу универзитетите, како и соработка со други институции кои спроведуваат научни истражувања на локално, национално и интернационално ниво. Беа изнесени различни искуства и модели на научна соработка и беа понудени нови можности за соработка помеѓу членовите на EUA-CDE - изјави проф. д-р Ленче Милошева.

Последен пат изменето на Понеделник, 21 Јануари 2019 11:10
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…