Меѓународен симпозиум – Дерматологија 2020

Почна меѓународниот научен симпозиум за дерматологија во организација на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“. Доц. Д-р Андреј Петров од УГД на почетокот го истакна своето задоволство и благодарност за сите научници од сите делови на Балканот кои денес беа присутни во Мултимедијалниот центар на УГД на првиот ден од симпозиумот Дерматологија 2020.

Од областа на дерматовенерологијата ќе разговараме за многу теми, а почнуваме со излагањето на професор Николај Цанков, кој е професор онорис кауза на нашиот универзитет во Штип и дописен член на Бугарската академија на науките. Тој е едно од најмаркатните имиња во бугарската дерматовенерологија. Професорот Андреас Кацамбас од Грција кој е докажан пријател на факултетот и човек со огромно искуство и серија на други угледни професори од разни земји кои ќе зборуваат на свои теми, изјави доц. Д-р Андреј Петров.

Професорите од Бугарија и Грција истакнаа дека овој симпозиум ги опфаќа најактуелните теми и проблеми на дерматологијата.

- Сакам да се заблагодарам на професорот Андреј Петров и на раководството на штипскиот универзитет што одново сум овде во градот на моите дедовци. Тука ќе зборуваме за најактуелните проблеми кои ги има дерматологијата и сигурен сум ќе се понудат решенија за одредени проблеми, истакна проф. Николај Цанков од Бугарија.

Професорот Кацамбас од Грција истакна со големо задоволство го следи прогресот на науката во Северна Македонија и на Универзитетот „Гоце Делчев“.

- Овде сум веќе втор пат и со задоволство следам како се развива универзитетот и дерматологијата во оваа земја.  Гледам дека секоја година програмата е подобра и навистина е задоволство да се соработува со дерматолозите овде, изјави проф. Андреас Кацамбас.

Научниот симпозиум започна денес во Штип, а утре ќе продолжи во Скопје. Симпозиумот е во организација на Факултетот за медицински науки, а во неговата реализација се вклучени и огромен број на студенти.


Последен пат изменето на Петок, 28 Февруари 2020 13:31
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…