CEFE Македонија и Економскиот факултет со истражување за економијата во време и по Корона вирусот

CEFE International, во соработка со ЦЕФЕ Македонија и Економски Факултет Штип, реализираат истражување преку кое треба да се соберат податоци кои ќе бидат во корист на политиките, клучните играчи и деловните активности за поддршка на фирмите во светот.

Ова истражување служи само за анализа и се спроведува во целиот свет. Опфатени се прашања во врска со последиците од Корона кризата за деловните активности, пречките со кои се соочи бизнисот, се отворија ли можности за нови пазари... Податоците од истражувањето ќе бидат основа за мерките кои терба да се преземаат за да се амортизираат последиците од големата криза која го зафати целиот свет.

Истражувачкиот тим од Економскиот факултет на УГД се состои од Мила Митрева, Душица Манчева, Анита Миланова и Ангела Димиткова. Сите истражувачки имаат потпишани изјави за доверливост на податоци и договор за соработка со ЦЕФЕ Македонија. Со тоа, информациите и податоци се строго анонимни и веднаш се класифицирани како доверливи. Прашалникот за кој е потребно не повеќе од 15-тина минути да се пополни, како и повеќе информации за истражувањето, може да се најдат на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfNvn0zS-RfGyNePM7LYD8zf3aBcetsuUU1ewfktW0XrgGUeA/viewform.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…