„Кон ефективна сајбер-одбрана во согласност со владеење на право”

Реномираната холандска издавачка куќа ИОС Прес, како издание во серија-Е од Програмата за наука за мир и безбедност на НАТО во 2020 година ја објави меѓународната публикација на трудови „Кон ефективна сајбер-одбрана во согласност со владеење на право”.

Уредници, како и дел од авторите, на оваа публикација се американскиот професор д-р Алан Брил од Школата за правни науки при Универзитетот Тексас А&М, проф. д-р Кристина Мишева од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ и проф. д-р Методи Хаџи-Јанев од Воената академија - придружна членка на Универзитет „Гоце Делчев“.

Публикацијата претставува компилација од научноистражувачки и стручно-апликативни трудови од областа на сајбер-одбраната и сајбер-безбедноста, чии автори се истакнати професионалци и научни истражувачи во оваа област. Оваа специјална едиција претставува продолжение на СПС НАТО напреден тренинг курс „Кон ефективна сајбер-одбрана во согласност со владеење на право” во кој проф. Кристина Мишева беше кодиректор, а Правниот факултет коорганизатор, кој се одржа од 3 до 8 ноември 2019 година  во Охрид.

Детали може да се најдат на следниов линк http://ebooks.iospress.nl/volume/toward-effective-cyber-defense-in-accordance-with-the-rules-of-law.

Печатени изданија од публикацијата ќе бидат достапни за студентите на Правниот факултет и членовите на Универзитетска библиотека на УГД по 30 дена.

Последен пат изменето на Среда, 24 Јуни 2020 11:12
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…