Според анкетата што ја спроведе веб-страницата fakulteti.mk, ...
Студентите од Технолошко-технички факултет при УГД и оваа година
Студентите од Правниот факултет во Штип и во Струмица во рамките
Согласно со Програмата за локален економски развој за 2016 ...
И оваа година пред завршувањето на годината УГД свечено ги ...
Правниот факултет на УГД беше домаќин на правни експерти кои ...

Образование

Центарот за доживотно учење при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 27.12.2016 година организираше обука за Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво. Обуката се реализираше на Факултетот за медицински науки при УГД  во Штип.  Предавач и инструктор на обуката беше проф. д-р Цена Димова од Факултетот за медицински науки при УГД. 

И годинава студентите од трета година на Правниот факултет при УГД, во рамките на наставната програма по предметот Финансово право, реализираа посета на Македонската берза на хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Координаторот на Секторот за супервизија при КХВ, м-р Славица Илиевска, на идните правници им ги презентираше улогата, функциите и надлежностите на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, согласно со домашната регулативата.

Проф. д-р Сузана Стефановиќ во изминатиов период е визитинг професор на Економскиот факултет при УГД и предава на дел од студентите на УГД. Станува збор за експерт од областа на стратегискиот менаџмент.

Професорот Џејмс Кенел и експертот за организирање на манифестации Роб Дејвидсон од Велика Британија викендов беа дел од Научната конференција и работилница организирана од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Двајцата врвни експерти од оваа проблематика имаа свои интересни предавања пред студентите и дел од бизнис секторот за тоа што треба да се направи во развојот на туризмот во градовите низ Македонија и во светот и за тоа како правилно да се организираат настани.

„Меѓуетничка интеграција во образованието“ е името на проектот кој се реализира повеќе години во основните училишта низ Македонија. Денес во рамките на овој проект дечиња од повеќе училишта во Македонија се дружеа на спортски настан кој се одржа во Спортската сала „Јордан Мијалков“.

Неодамна започна реализацијата на Еразмус + програмата со цел соработка за иновации и размена на добри практики помеѓу високообразовните институции од Балканот.

Страница 1 од 18

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…