Поранешните и потенцијалните Еразмус плус студенти ќе имаат ...
Компаниите Македонски телеком и Лајкамобајл имаат потреба од ...
Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин ...
Едукативниот институт „Дореа“ нуди можности за платена пракса во
Факултетот за медицински науки е еден од оние чии студенти ...
Можностите што ги нуди програмата за размена на студенти Еразмус

Образование

Универзитетот „Гоце Делчев“ ја поддржа единствената Научна конференција за образование која неодамна се одржа во Струга. Проректорот на УГД проф. д-р Кирил Барбареев ги истакна мотивите зошто УГД се вклучил во организацијата на една ваква конференција.

Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД продолжува со реализација на проектот „Shaping the future education in tourism – FET“ од Еразмус плус програмата на ЕУ во соработка со универзитети во Грција, Бугарија и во Хрватска. Студентите на ФТБЛ, во Научно-наставниот центар на УГД на Плачковица – Центар за доживотно учење, како дел од овој проект приготвуваа традиционални македонски јадења.

Како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука, се организира работилница наменета за наставничкиот кадар на факултетите вклучен во изработка на студиски програми од инженерски области.

Работилница наменета за членови на факултетите коишто се вклучени во студиски и истражувачки педагошки програми (т.е. академски кадар од факултетите вклучен во педагошки студиски програми за претшколска возраст, основно и средно образование) се организира од страна на Министерството за образование и наука во понеделник, 10 април, на Филолошкиот факултет при УГД. Работилницата се организира како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.

Доц. д-р Вилдан Џошкун одржа предавање „Основни карактеристики на диванската книжевност и поетеси на диванската книжевност“ пред студентите на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, како претставник на Универзитетот неодамна на студиски престој во Франција ги разгледуваше можностите за развој на студиските програми во Штип и практиките на Франција за следење и поддршка на студентите за професионално вклучување.

Страница 3 од 22

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…