Студентите од насоката Туризам на Факултетот за туризам и бизнис
Студентката Надица Стојкова од Факултетот за медицински науки се
Организациите Центар за управување со промени и Институт за ...
Компаниите Македонски телеком и Лајкамобајл имаат потреба од ...
Во полната сала на Мултимедијалниот центар на УГД студентите –
Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис-идеја, во

Образование

Трета година по ред Фондацијата „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси организираат Избор на нај-ООР наставник и професор во Македонија. Процесот за номинирање наставници заврши на 20 јануари, а номинациите можат да се видат на веб-страницата http://oer.mk.

Доколку сметате дека имате солидно знаење од некоја област, регистрирајте се како предавач на следниов линк: https://www.xplorify.mk/account/register/teacher. Креирајте курс, понудете го вашето знаење на платформата и заработете од него. Xplorify е дизајниранa на начин којшто може да одговори на секој вид онлајн курс или обука во живо.

На првиот повик за 2017 година во рамки на „Еразмус плус“ програмата на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, пристигнале 233 апликации, што е за 29,5 проценти повеќе во однос на првиот повик од минатата година кога пристигнаа 172 апликации.

Преку проект насловен „Математичка дебата“, Универзитетот „Гоце Делчев“ заедно со неколку партнерски институции од државата и од странство ќе ги дефинира потребите на учениците од 11 до 15 години за изучување на математиката и преку тоа ќе се обиде да ја направи математиката омилен предмет кај учениците.

Центарот за доживотно учење при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип на 27.12.2016 година организираше обука за Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво. Обуката се реализираше на Факултетот за медицински науки при УГД  во Штип.  Предавач и инструктор на обуката беше проф. д-р Цена Димова од Факултетот за медицински науки при УГД. 

И годинава студентите од трета година на Правниот факултет при УГД, во рамките на наставната програма по предметот Финансово право, реализираа посета на Македонската берза на хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Координаторот на Секторот за супервизија при КХВ, м-р Славица Илиевска, на идните правници им ги презентираше улогата, функциите и надлежностите на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, согласно со домашната регулативата.

Страница 5 од 23

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…