Три дена, од 11 до 14 јуни, Универзитетот „Гоце Делчев“ е ...
АД ЕЛЕМ во соработка со Факултетот за природни и технички науки
На 18 мај 2018 год. се одржа Mеѓународниот гастрономски фестивал
Правниот факултет трета година по ред организира денови на ...
11% од младите користат опојни дроги, и тоа повеќе припадниците
Сто студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе бидат дел од ...

Образование

Работилница наменета за членови на факултетите коишто се вклучени во студиски и истражувачки педагошки програми (т.е. академски кадар од факултетите вклучен во педагошки студиски програми за претшколска возраст, основно и средно образование) се организира од страна на Министерството за образование и наука во понеделник, 10 април, на Филолошкиот факултет при УГД. Работилницата се организира како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.

Доц. д-р Вилдан Џошкун одржа предавање „Основни карактеристики на диванската книжевност и поетеси на диванската книжевност“ пред студентите на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет.

Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, како претставник на Универзитетот неодамна на студиски престој во Франција ги разгледуваше можностите за развој на студиските програми во Штип и практиките на Франција за следење и поддршка на студентите за професионално вклучување.

Филолошкиот факултет во Штип неодамна го објави вториот број на „Палимпсест“ ‒ меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев и директорот на училиштето „Азурлингва“ во Ница, Франција, Јан Либрати, потпишаа Договор за заемна соработка.

Трета година по ред Фондацијата „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси организираат Избор на нај-ООР наставник и професор во Македонија. Процесот за номинирање наставници заврши на 20 јануари, а номинациите можат да се видат на веб-страницата http://oer.mk.

Страница 6 од 24

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…