Презентирана корејската култура на УГД

Можности за едукација на младите луѓе и презентација на корејската култура во Штип беше целта на денешната работилница организирана од корејската организација „IYF“.

Ние обезбедуваме едукација на умот за младите луѓе. Присутни сме во многу земји во регионот. Имаме организација во Бугарија, а во светот сме активни повеќе од 20 години. Целта е да одржиме некои работилници преку кои ќе ги едуцираме младите луѓе, но и ќе ги запознаеме со културата на Кореја и со можностите што ги нуди нашата земјаистакна Уон Шик Хонг, член на Управниот совет за образование на оваа невладина организација од Кореја

Оваа корејска организација функционира долго време во целиот свет, а пред студентите одржаа предавање за целите и функциите кои ги остваруваат.

Ова е ден на Кореја на УГД. Тие денес ги презентираат корејската култура, корејските танци, корејската облека. Целта на ова е студентите да се запознаат со дејноста на оваа организација којашто опстојува 20 години и имаат клонови во повеќе од 80 земји во светот. Сметаме дека тенденцијата им е да направат своја гранка и во Македонија и на тој начин да ја промовираат нивната култура, но и лидерството коешто сакаат да го наметнат кај младите луѓе и идејата за нивно вмрежување во оваа организација преку светски конгреси кои ги организираат.истакна Дијана Насева од УГД.

Покрај предавањето, тие ги презентираа народните носии на Кореја, но и понудија можност за презентација на својата азбука преку потпишувања на имињата на студентите на корејски јазик.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Мај 2016 13:39
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…