Се избираат нај-ООР наставник и професор во Македонија

Трета година по ред Фондацијата „Метаморфозис“ и Алијансата за отворени образовни ресурси организираат Избор на нај-ООР наставник и професор во Македонија. Процесот за номинирање наставници заврши на 20 јануари, а номинациите можат да се видат на веб-страницата http://oer.mk.

Секој наставник кој во секојдневната работа користи отворени образовни ресурси (ООР) кои се достапни за сите може да биде дел од овој натпревар. Додека трае процесот на номинирање секој може да предложи наставник или професор, а освен основните податоци, при номинирање на кандидатот потребно е да внесете и линк до ресурсите на предложениот кандидат.

Гласањето за избор на нај-ООР наставник за 2016 година се одвива онлајн и ќе трае до 10 февруари. Наставникот или професорот кој ќе добие најмногу гласови ќе биде прогласен за нај-ООР наставник или  нај-ООР професор. Во трка се четворица наставници, од кои еден ќе добие награда од гласачите, а друг од стручната жири-комисија. Победниците на овој натпревар ќе добијат учество на Третата едуконференција за наставници и информатичари организирана од Пријатели на образованието, која ќе се одржи во април 2017 година.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…