Соработка со школата за јазици „Азурлингва“ во Франција

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев и директорот на училиштето „Азурлингва“ во Ница, Франција, Јан Либрати, потпишаа Договор за заемна соработка.

Договорот предвидува соработка меѓу овие две институции, особено на платформата Универзитети на светот, која содржи вежби за изучување на францускиот јазик преку промоција на националните култури. Соработката, исто така, отвора можност за изучување на францускиот јазик во Ница по намалени тарифи, како и стипендирање на најдобрите студенти кои го одбрале францускиот јазик како изборен предмет.

Азурлингва е училиште кое постои повеќе од 25 години и ужива големо реноме затоа што секоја година пречекува илјадници студенти и професори од целиот свет.

Заинтересираните за посета на летната школа по француски јазик во Ница можат да се обратат кај предметниот професор на следнава електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…