Публикуван вториот број на научното списание „Палимпсест“

Филолошкиот факултет во Штип неодамна го објави вториот број на „Палимпсест“ ‒ меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања.

Во вториот број се објавени 17 труда во рубриките: Јазик, Книжевност, Култура, Методика на наставата и Прикази од автори од Македонија и од странство. Со свои трудови во вториот број се застапени авторите: Даринка Маролова, Наталија Поп Зариева, Крсте Илиев, Игор Грбиќ, Марија Ѓорѓиева-Димова, Стефано Редаели, Билге Каја Јигит, Снежана Петрова, Ева Ѓорѓиевска, Махмут Челик, Алирами Ибраими, Славчо Ковилоски, Трајче Стојанов, Ана Попова, Екатерина Намичева, Петар Намичев, Регула Бусин, Игор Станојоски, Весна Мојсова-Чепишевска и Марија Гркова. Во сите овие трудови се застапени резултати од нови и мошне интересни истражувања од широките области на филологијата и културологијата.

Инаку, меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL/about) и во печатена форма во два броја годишно. Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично). Во „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и Србија.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…