Работилница за студиски и истражувачки педагошки програми

Работилница наменета за членови на факултетите коишто се вклучени во студиски и истражувачки педагошки програми (т.е. академски кадар од факултетите вклучен во педагошки студиски програми за претшколска возраст, основно и средно образование) се организира од страна на Министерството за образование и наука во понеделник, 10 април, на Филолошкиот факултет при УГД. Работилницата се организира како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука.

Во контекст на привлечноста на педагошкото образование, потребно е да се размисли за предизвиците и можностите за вработување на дипломците. Работилницата, која ќе ја одржи краткорочниот експерт Филип Габриел, ќе се сосредоточи на спроведувањето на процес на самоевалуација со цел зголемена релевантност на студиските програми во поглед на барањата на пазарот на труд и поголема отвореност кон бараните сектори од аспект на практичните квалификации на дипломците.

Работилницата ќе се одржи во понеделник, 10 април, од 12.30 до 16.30 часот, на Филолошкиот факултет  во Штип (просторија за симултан превод).

Заинтересираните за учество на работилницата треба да го пополнат формуларот за регистрација и да го испратат на следната е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до петок, 7 април.

 Регистрација

 

 Програма

 

Последен пат изменето на Среда, 05 Април 2017 14:10
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…