Семинар за менаџирање на стресот на УГД

„ИЗДИШИ ГО СТРЕСОТ - за Македонија без стрес и насилство“ е пораката на семинарот што ќе се одржи на 15 мај 2017 година во свечената сала на Правниот факултет при УГД.

Стресот како непријател на квалитетот на живеењето, продуктивноста, среќата и мирот на умот е проблем број еден во светски рамки, а примената на техниките за стрес-менаџмент стануваат сѐ попопуларни, особено во професионален контекст. Пример за ова се реномираните институции како Светска банка, Харвард бизнис скул (Harvаrd Business School), МИТ Универзитетот во САД и многу други во чии рамки се изучуваат техниките на стрес-менаџмент како статегија за постигнување поголема продуктивност, креативност и фокус при реализирање на поставените цели.

На 15 мај од 12 до 14 часот ќе се одржи предавање на тема „Управување со умот“ од страна на реномираниот  учител Свами Ваишампајан од Фондацијата „Art of Living“.

Повеќе информации за другите активности поврзани со бранот на среќата со Свами Ваишампајан: https://www.facebook.com/events/373656859702665/ и 071 366 611 или 078 417 483.

Последен пат изменето на Петок, 12 Мај 2017 13:52
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…