Професорки од Литванија во Еразмус посета на УГД

Две професорки од Литванија во текот на минатата седмица беа дел од наставниот процес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Проф. Давина Петренаите и проф. Јоланта Линкиене од Универзитетот „Утена“ во текот на изминатата седмица истражуваа и предаваа на Правниот факултет при УГД. 

  • Ние уживаме во ова патување и голема чест ни е што сме тука. Дојдени сме тука како дел од Еразмус+ програмата. Целта на нашето доаѓање е да ги унапредиме меѓународните врски помеѓу нашите институции и да размениме искуства - изјави проф. Давина Петренаите.

УГД има потпишано договори за соработка со универзитети од целиот свет, меѓу кои е и Универзитетот во Литванија, преку кои договори професори и студенти имаат можност да предаваат и да учат овде во Штип.

Професорките беа задоволни од својот престој овде и истакнаа дека во секоја пригода ќе го препорачуваат УГД на колегите од Литванија.

  • Ние ќе им препорачаме на нашите колеги да дојдат овде бидејќи владее пријателска атмосфера, а постојат и многу различни студиски програми. Најмногу ни се допадна што луѓето од овој Универзитет се отворени за нови идеи, искрени и комуникативни. Добивме многу информации за Универзитетот, историјат, образовен систем итн. Благодарни сме за оваа посета, добивме можност да го запознаеме Универзитетот, разменивме искуства, научивме за историјата, традицијата, природата итн. Се надеваме дека пак ќе се видиме - изјави проф. Петренаите.

Заедно со професорите на Правниот факултет при УГД тие имаа дебати за системот за високо образование, начинот на оценување, како и проблемите во областа на уставното право. Тие присуствуваа и на симулирано судење во судницата на Правниот факултет, каде што имаа можност да остварат контакти со многу професори и студенти со кои веќе се договорени соработки во насока на заеднички научни истражувања кои ќе имаат меѓународен карактер.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…