Најава за соработка меѓу ФОН и Педагошкиот факултет во Љубљана

Деканката на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Соња Петровска, оствари средба со деканот на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Љубљана, Словенија, проф. д-р Јанез Вогринц.

На средбата се зборуваше за можностите за соработка помеѓу двата факултета. Според проф. д-р Петровска, тие се пред сѐ во размената на студенти и наставнички кадар преку програмите за мобилност.

Се договараме околу склучување на договори за студентска и наставничка мобилност во рамки на Еразмус плус програмата, учество и реализација на различни конференции и други заеднички програми.

Според деканот на Педагошкиот факултет во Љубљана, има можности за соработка и тие се заинтересирани.

Заинтересирани сме за соработка во повеќе различни области, една е, како што рече мојата колешка, во Еразмус плус мобилноста, а секако и во областа на истражувачки активности, како што се конференции и останати истражувачки проекти. Уште пред да дојдам на Универзитетот имам добри информации за УГД од моите колеги од Македонија, а секако ја посетив и веб-страницата на Универзитетот и добив многу информации – изјави проф. д-р Вогринц.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…