(Видео) Откриено најстарото археолошко наоѓалиште во Македонија

Штипските археолози, предводени од професори на УГД, преку проект чиј носител е Универзитетот „Гоце Делчев“, а финансиран како капитален од страна на Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија, открија досега најстаро археолошко наоѓалиште во Македонија, на локацијата Узун Мери помеѓу селата Мустафино и Ерџелија, Светиниколско, кое датира од старо камено време, кога во период меѓу 300 илјади и 40 илјади години пред нашата ера на таа територија живееле луѓе од видот неандерталци. Ова на прес-конференција го објави проф. д-р Трајче Нацев, професор на насоката Археологија на Факултетот за образовни науки при УГД.

Ние со овие истражувањавсушностоткривме археолошки локалитет кој засега е единствен таков во нашата држава. Претставува палеолитска станица од отворен тип. Такви кај нас нема. Кај сите соседни земји и земјите од поранешна СФРЈ постојат палеолитски станици – изјави проф. д-р Трајче Нацев, раководител на истражувањето.

На локалитетот на површина од 1 километар квадратен се пронајдени примитивни орудија кои неандерталците ги користеле за сечење на месо од уловените животни.

- Станува збор за мобилни групи на луѓе, ловци и собирачи, кои зависат од движењата на стадата на големите животни и тие се движат со стадата. Тоа се мобилни групи, никогаш не се задржуваат на едно место, но сезонски зачестено посетуваат некои локации во нивната територија, на којашто се движат, дали се тоа извори на вода, животни и сл. – вели д-р Дарко Стојановски, кораководител на истражувањето.

Но, првото откриено палеолитско наоѓалиште на Истокот не значи и дека е последно. Постојат сомневања дека вакви наоѓалишта би можеле да постојат на уште најмалку две локации.

Има претпоставки за можни палеолитски наоѓалишта во Источна Македонија, на локацијата Коњска Дупка кај село Град во Делчево, а имам добиено и фотографии од палеолитска станица која најверојатно се наоѓа во близина на селото Лепопелци, кај Злетово. Поради исклучителната важност на локалитетот Узун Мера, предлагаме површината која ја зафаќа локалитетот да се стави под привремена заштита, а на целиот локалитет да започнат систематски археолошки истражувања, вклучувајќи ја и површината на карго аеродромот од каде што би започнале овие систематски археолошки истражувања - истакна проф. д-р Трајче Нацев.

Развојот на истражувањето во следниот период ќе оди во правец на утврдување на точната старост на локалитетот, зашто во втората половина на август ќе дојдат научници од Италија, кои ќе ја прецизираат точната старост.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…