ЗОШТО УГД?!

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е вториот по големина и најбрзорастечкиот универзитет во Република Македонија. Универзитетот е основан на 27 март 2007 година.

На својата десетгодишнина од своето постоење, универзитетот има 12 факултети и 3 Академии со над 100 студиски програми изучувани по болоњскиот систем. На Универзитетот има на 15 000 студенти и 600 вработени, инфраструктурните капацитети кои ги има УГД се повеќе од 60 000 м2 со дисперзирани наставни центри во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп. УГД за многу кратко време се профилираше во институција која е двигател на регионот. На последното рангирање на репозиториумот на Универзитетот реномираната „Webometrics” го смести УГД на 145 позиција во Европа и на 319 место во светот. Универзитетиот „Гоце Делчев“ оваа година се најде на второто место од 19 рангирани високообразовни институции во Р Македонија на најновата ранг-листа на Шангајскиот универзитет, а убедливо е најдобар универзитет во државата според социјалните услуги на студентите.

Конекцијата и симбиозата на работа меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ и странските Универзитети, произлегува од програмата Еразмус+. Досегашното искуство говори дека истата се имплементира успешно и многумина студенти од УГД успеаја да го прошират својот видик низ призмата на Ерасмус+. Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе неколку години успешно ја реализира Еразмус + програмата со Европските партнер Универзитети. Во изминатите години на напорна работа, УГД може да се пофали со склучени над 120 нови договори за соработка на интернационално ниво за само една година, со Универзитети од цел свет вклучувајќи ги: Германија, Шпанија, Португалија, Белгија, Холандија, Аризона, Австрија, Франција, Италија, Полска, Чешка, Литванија, Латвиа. Секој семестар УГД овозможува размена на околу 40 студенти. Еразмус+ прграмата се реализира од 2012 година и досега се имаат реализирано вкупно 130 мобилности на студенти. Во стручноста на професорите на УГД учествуваат и странски професори од веќе споменатите странски универзитети. Секоја година повеќе од 40 професори одржуваат предавања на нашите студенти, остваруваат средби со колегите од Универзитетот и соработката ќе продолжи во иднина. Со цел оваа програма да биде што е можно поблиску до студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и состаноци со претставници од Националната Агенција. Универзитетот „Гоце Делчев“ е целосно европски универзитет, за чие искуство и успеси говорат и институциите кои веќе соработуваат со универзитетот. Меѓународните проекти се исто така значаен дел во зајакнување на капацитетите и меѓууниверзитетската соработка на Универзитетот и во преиодот од 2015 до 2017 година УГД е координатор на 4 Еразмус + проекти во делот на Стратешки партнерства во стручно образование и обука и Стратешки партнерства во високо образование:

  • Integrating E –Learning and Open Educational resources into Classroom;
  • Developing OER and Blended Modules for Agriculture and Rural Development;
  • MATHDebate- the Voice of Students – Searching Excellence in Math education through Increasing the Motivation for Learning;
  • Shaping the future education in Truism;

Исто така како партнерска институција е вклучена во проект финансиран од Европската комисија за мотивација на младите и студентите во спортот “Te(a)chin Sport” и во наредниот период ќе биде домаќин на Интернационален спортски натпревар.

Универзитетот е постојано во служба на студентите и ги следи најновите информатички технологии. Информатичко технолошкиот центар на Универзитетот ИТЦ-УГД е опремен со најсовремена информатичко, телекомуникациска и телефонска опрема која овозможува континуиран проток на информации и поврзување на сите единици на универзитетот во компактно и мулти функционално информатичко јадро. Сето тоа наоѓа огромна примена во креирање и имплементирање на наставата на нов, модерен и функционален начин (вклучувајќи електронско пријавување на испитите и електронско оценување т.е е-индекс, електронско плаќање), кој е во чекор со експанзијата на новата ера на информатичката технологија. ИТЦ-УГД дава огромна поддршка во наставата која се изведува во училниците со класична и современа аудио-визуелна како и мулти-медиска компјутерска опрема. Во современите информатички алатки спаѓаат: е-индекс, е-индекс инфо, е-библиотека, студентска е-пошта, е-распоред, е-репозиториум, е-учење, е-календар, е-плаќање, сите достапни на порталот на УГД во сервисот за студенти Е-индекс.

Науката и истражувањето е на едно висококвалитетно ниво за што зборува репозиториумот на УГД богат со трудови со содржини од сите научни области. До сега од фондот за научно-истражувачка работа на УГД се финансирани 94 проекти и во сите се вклучени студенти од прв, втор и трет циклус на студии со цел добивање на млади, енергични и професионални кадри. Современите лаборатории се расплод на нови генерации истражувачи и наследници на нашите професори, а мисијата и визијата на УГД е да оди само напред во чекор со највисоките академски вредности, во чекор со модерното време.

 

Последен пат изменето на Вторник, 08 Август 2017 12:28
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…