УГД и Универзитетот „Св. Иван Рилски“ ќе работат на европски проекти

„Времето што следува ќе покаже дека соработката што ја воспоставуваме со Универзитетот за рударство и геологија ‛Св. Иван Рилски‛ во Софија ќе добие во својот интензитет и важност, пред сѐ, во заедничките проектни активности што ќе следуваат во европските образовни програми во Европската Унија и мислам дека колегите од овој универзитет ќе ни помогнат како универзитет поинтензивно да се вклучиме во овие европски проекти и европски соработки, бидејќи ние не смееме да заборавиме дека Р. Бугарија е членка на ЕУ и мислам дека тоа е важен момент во нашето интегрирање во Европската Унија“. Ова го изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, при потпишувањето на Договорот за соработка помеѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот за рударство и геологија „Св. Иван Рилски“ во Софија, Бугарија.

Задоволство од потпишувањето на Договорот изрази и ректорот на Универзитетот „Св. Иван Рилски“, проф. д-р Љубен Тотев, кој рече дека соработката нема да биде ограничена само на Факултетот за природни и технички науки (Рударско-геолошки).

- Ние можеме да работиме во сите области со кои имаме допирни точки, бидејќи кај нас имаме екологија, економија и управување, така што можеме да се најдеме во многу области во кои можеме да работиме. Така и се договоривме со ректорот Боев, и започнуваме интензивно да работиме. Моите очекувања се многу бргу да започнеме со заеднички европски проекти. На нашиот универзитет веќе има тројца студенти од УГД преку програмата Еразмус плус и тоа е само почеток, следно е да има наши студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“. Со ректорот Боев ќе работиме во насока да правиме размена не само на студенти, туку и на професори. Има на што да работиме во иднина и сметам дека намерата на обајцата е многу поинтензивна работа – изјави проф. д-р Љубен Тотев.

- Станува збор за еден навистина добар универзитет, кој не е само од областа на рударството и геологијата, туку и други на него комплементарни науки, во делот на машинството, електроенергетиката, екологијата... Јас само ќе споменам дека со ректорот Тотев разговаравме и за некои други форми на образовна соработка во овие делови на Европа, кои се комплементарни со она што значи Европска Унија во делот на образованието и мислам дека некои од тие иницијативи ќе бидат дадени од страна на колегите од Бугарија, пред сѐ од ректорот Тотев во органите на ЕУ, бидејќи тие се членки таму и можат да покренуваат многу инцијативи кои за нас се важни во делот на нашето интегративно приближување кон ЕУ. Јас уште еднаш им благодарам за интересот што го пројавија ректорот Тотев и Универзитетот „Св. Иван Рилски“ и мислам дека оваа соработка ќе вроди со плод и ќе биде успешна – изјави ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Блажо Боев.

 

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…