Проф. д-р Ленче Милошева учествуваше на Конференцијата на Европската асоцијација на универзитети

На 7 и 8 јуни на Универзитетот во Љубљана се одржа Конференција на Европската асоцијација на универзитети и Советотот на докторско образование, „11th EUA-CDE Annual Meeting: Excellence through Diversity: Doctoral education in a globalised world“, каде што присуствуваа 223 учесници од 35 земји.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го претстави проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки и советник за научна соработка. Главна тема на конференцијата беше размена на искуства за научноистражувачката работа и моделите на докторско образование на европските универзитети, земајќи ја предвид различноста, како и постигнување на одличност и повисоко ниво на научноистражувачка работа.

Покрај учеството на редовните сесии и дискусии на конференцијата во Љубљана, советничката за научна соработка проф. д-р Ленче Милошева оствари и одделни разговори со повеќе ректори и директори на докторски школи и истражувачки центри на европски универзитети, коишто се очекува да придонесат за натамошен развој на успешната соработка меѓу Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и истражувачките мрежи и центри на европските универзитети. Исто така, остварените средби и разменетите искуства ќе помогнат во изготвувањето на новиот европски модел на докторско образование, кој се очекува да се имплементира на факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Проф. д-р Ленче Милошева оствари средба и со претседателот на Комитетот на Советот за докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA – CDE), со цел поднесување на апликација и зачленување на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип во Советот за докторско образование.

Последен пат изменето на Понеделник, 11 Јуни 2018 14:14
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…