Царинската управа го промовира концептот на овластен економски оператор

Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Царинската управа на РСМ и Регионалната стопанска комора пред студентите го промовираа концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Северна Македонија и неговото значење за економските оператори. На настанот беше присутен и се обрати ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, како и управникот на Царинарница Штип, Иван Спасовски и Весна Миладинова, потпретседател на Регионалната комора со седиште во Штип.

Билјана Гаџовска, самостоен советник во Одделението за царински и даночни постапки во Царинската управа на РСМ имаше презентации на темите  „Законски и процедурални аспекти на имплементацијата на ОЕО во Република Македонија – поволности, критериуми, постапка за добивање статус на ОЕО, меѓусебно признавање на ОЕО уверенија“ и  „Поволности кои ги нуди статусот на ОЕО и предизвици при исполнување на законските критериуми“.

Статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени. Царинската управа во таа насока силно ги охрабрува македонските економски оператори да се стекнат со статус на овластен економски оператор за да можат да се вклучат во глобалните синџири на снабдување во рамките на ЦЕФТА и да добијат меѓународно признавање.   

Видео

Последен пат изменето на Вторник, 23 Април 2019 13:46
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…