Одржaна 4. Меѓународна научна конференција „ФИЛКО - филологија, култура и образование“

Во периодот од 23 до 25 маj 2019 година на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет (Русија) се одржа четвртата Меѓународна научна конференција „ФИЛКО - филологија, култура и образование“.

Организатори на конференцијата се Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет – Воронеж (Русија) и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Македонија).

На четвртата Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ се дискутираше за актуелните теми во филологијата, културата и образованието.  На оваа конференција со свои излагања учествуваа доц. д-р Весна Коцева, лектор м-р Марица Тасевска и проф. Костадин Голаков.

Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…