(Видео) Поддршка на бизнис идеите на студентите

На почетокот од новата академска година студентите имаа можност да се запознаат и со можностите што ги нуди соработката на Универзитетот „Гоце Делчев“ и компанијата „Х фактор акцелератор“ во Велес. Сашко Панчевски од „Х фактор акцелератор“ им го честита почетокот на новата академска година на студентите и истакна дека поддржани од Фондот за иновации се компанија која има за цел поттикнување на претпремништвото во делот на почетните стартап бизниси:

- Некои почетни стартап бизниси имаат идеја, но начинот на креирање и воспоставување на бизнис е олеснет со креирање и започнување, и во тој дел ние нудиме помош. Во тој дел и воспоставивме соработка со УГД, ги покануваме сите иновативни идеи кои ќе бидат презентирани со наша помош и соработка и ќе можат дел да бидат финансирани во рамките на нашиот проект со Европската банка и Фондот за иновации. Моментално завршивме со првиот Демо ден каде што осум стартапи веќе ги изложија своите идеи и се очекува нивната главна евалуација и инвестирање во истите – изјави Панчевски.

Носител на соработката од страна на УГД е Центарот за трансфер на технологии, а како негов претставник м-р Васко Златковски изјави дека студентите кои имаат иновативни идеи за почнување на бизнис можат да имаат бенефит од оваа соработка.

- Почетокот на новата учебна година на УГД го одбележуваме со промовирање на воспоставената соработка што УГД ја има со „Х фактор акцелератор“ во Велес. Тоа е еден вид на соработка која УГД ја прави со напор да ги запознае сопствените студенти со можноста што ја имаат, во насока да размислуваат надвор од вообичаениот начин, а тоа е дека работните места постојат само во јавната администрација. Со спојката помеѓу стопанството, акцелераторските институции и академијата, воспоставуваме тројна врска, помеѓу потребите на стопанството за реални иновации, можност за нивна финансиска поддршка за да можат студентите веќе во првите години од нивниот професионален живот да размислуваат претприемнички. Денеска наши гости се претставниците на „Х фактор акцелератор“ - Велес, кои успешно се претставија пред нашите студентите и верувам дека значаен дел од нив ќе ја препознаат можноста за своја идна реализација – изјави м-р Васко Златковски.

 

Последен пат изменето на Четврток, 03 Октомври 2019 12:54
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…