Работилници за критичко мислење кај децата на ФОН

На Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип започна серија предавања и работилници на тема „Философија со деца и развој на критичко мислење“.

Овие работилници се резултат на соработката што ја имаат ФОН и Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Сплит, Р. Хрватска, а предавач е проф. д-р Бруно Чурко.

Тука сум да ја претставам философијата со деца, што мислам дека е важно и за двата факултета, критичкото мислење. Темелни теми се критичкото мислење и философијата со деца. Јас со ова се занимавам десетина години, и практично и теоретски, такви ќе бидат и предавањата. Сите тие работилници се со цел да се учат децата не што да мислат, туку како да размислуваат. Во овие десет години имам реализирано околу илјада работилници со деца од градинки, а најмногу од осново училиште, од 1 до 4 одделение. Поголем дел од работилниците се во Хрватска, но и во Кореја, Кина, Полска, Португалија. Главно, во денешно време образованието се базира на краткотрајно паметење на факти, и тогаш детето ќе научи и ќе му врати на професорот и тоа е тоа, не ги разбира фактите. Денеска децата доаѓаат до информации со три клика. Поважно е да ги научиме како да мислат, како да дојдат до информациите, тука критичкото мислење е многу важно. Има податок дека децата од седум години се изложени на информации и за еден ден добиваат информации колку што човекот во среден век добивал за цел живот. Начин да се снајдете во таква прашума од информации е токму критичкото мислење. Бенефитот од сето ова е во неколку сегменти. Прво, децата развиваат сопствено мислење, потоа развиваат вокабулар, се изградуваат сами себе, развиваат сензибилитет кон другите, а еден бенефит е и коцептуализацијата на филозофирањето, бидејќи во суштина тоа нешто што има корист во секојдневниот живот да не се потценува кога ќе се каже дека некој филозофира – изјави проф. д-р Бруно Чурко.

Во периодот од 25 до 28 ноември ќе се одржат четири работилници и предавања.

Денеска е првото јавно предавање, во вторник имаме предавање само за студентите, во среда предавање и работилница за студентите, а во четврток работилница за воспитувачите и одделенските наставници од градинките на кои ќе им покажеме во пракса како функционира философијата со децата и како може да се развие критичкото мислење. Инаку, ова е во рамките на годишната програма на Институтот за применета филозофија и етика. Темата е интересна и актуелна во светот, а професорот Бруно Чурко овде гостува во рамките на ЦЕПУС програмата за размена на наставници, а се надевам дека таа соработка и натаму ќе продолжи, затоа што мислам дека на ФОН е потребно да се развие филозофското мислење токму во таа насока, затоа што овде се образоваат наставници кои ќе работат со деца и кои како основна цел треба да го имаат развојот на критичкото мислење – изјави проф. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 25 Ноември 2019 14:34
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…