(Видео) Филолошки факултет виртуелно го одбележа Денот на македонскиот јазик

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. Со оглед на актуелната состојба, одбележувањето на овој значаен ден Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ го направи преку интернет.

Професорката Ана Рингачева заедно со студентите од Катедрата по македонски јазик и литература преку интернет направија заедничко видео во кое читаат македонска литература и на тој начин го одбележуваат денешниот ден.

Денот на македонскиот јазик е прогласен на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Денот 5 мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик на 130. седница на Владата, одржана на 16 април 2019 година.

 

Последен пат изменето на Вторник, 05 Мај 2020 18:44
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…