УГД асистира на студент од Италија да полага испит преку интернет

Андреј Шаклев, студент на Музичката академија во Трст, Италија, ќе полага еден од своите испити преку интернет од Македонија.

Неколку дена пред затворањето на границите Андреј си дошол во родниот Штип, поради пандемијата со ковид 19 тој не е во можност да се врати во Италија и да ги продолжи своите студии таму. Преку соработка со Музичката академија од Универзитетот „Гоце Делчев“ договорено е УГД да му помогне за да може Андреј да ги полага испитите кои бараат клавир и видео стриминг.

Андреј денес ќе го полага испитот преку интернет конекција со својот универзитет во Италија, а ќе свири во Мултимедијалниот центар на Универзитетот.

Универзитетската радио и телевизија ќе се погрижи за видео и аудио преносот на испитот, а УГД ги отстапи салата и клавирот во Мултимедијалниот центар.

Андреј Шаклев е млад пијанист роден во 1997 година во Штип. Моментално студира во Италија, а дел од своето образование го поминал и на Универзитетот Моцарт во Салзбург, Австрија. До сега има настапувано на бројни концерти и има освоено голем број интернационални награди.

Последен пат изменето на Петок, 12 Јуни 2020 12:42
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…