УГД оваа година ќе понуди хибриден систем на образование

Универзитетот „Гоце Делчев“ донесе одлука оваа академска година образованието да го реализира во хибриден начин. Дел од наставата да се одвива преку интернет, а дел да се одвива во живо.

Ваквата одлука е донесена со оглед на тоа дека УГД ги користи најсофистицираните ИТ решенија во имплементирање на образовниот процес и беше единствениот универзитет во државата кој беше издвоен како успешен пример за целосно имплементирање на учење на далечина. Претходно Универзитетот заедно со студентите спроведе истражување за тоа колку студентите се задоволни од онлајн наставата која УГД ја спроведува од почетокот на пандемијата. Според анализите, студентите се главно задоволни од начинот на спроведување на онлајн наставата. Токму поради овие причини е одлучено УГД да оди на хибриден систем на образование.

- Оваа одлука ја донесовме затоа што ние имаме можност да функционираме и онлајн и со физичко присуство. Хибриден систем на образование значи дека дел од предавањата ќе се одржуваат онлајн, а практичната настава ќе се одвива со физичко присуство. Има факултети каде што практичната настава е задолжителна за стекнување знаења, па тие ќе имаат вежби со физичко присуство - изјави проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров.

Според донесената одлука, во студиската година што следува теоретската настава ќе се одржува преку интернет. Практичната настава (вежбите – лабораториски и клинички) ќе се одвива комбинирано, тоа би значело дека оние кои би можеле да се одвиваат со физичко присуство ќе се одвиваат така, а оние кои ќе дозволуваат онлајн одржување би се одржувале на тој начин. Испитите, колоквиумите и другите форми на проверка на знаење ќе се одржуваат исто така комбинирано. Дел од нив ќе се одржуваат онлајн, а дел со физичко присуство зависно од спецификите и големината на групите.

УГД има целосен и интегриран систем за електронско учење. Неодамна професорите од Факултетот за информатика, Факултетот за образовни науки и ИТ центарот ги ставија на располагање своето знаење и искуство на сите заинтересирани образовни институции.

Последен пат изменето на Понеделник, 07 Септември 2020 10:12
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…