Реализирани проектни активности во рамките на програмата Еразмус Плус

Проектните активности во рамките на Еразмус плус проектот Developing OER and Blended Modules for Agriculture and Rural Development, Erasmus+ KA202 Project, број на проектот: 2015-1-MK01-KA202-002855, веб: http://www.oer-ard.mk, продолжуваат да се организираат и реализираат интензивно преку размена на знаење и практично искуство повторно во Пловдив, Бугарија.

Тематските единици кои беа предмет на проучување во периодот од 15 до 20 мај беа насочени во полето на интегралната заштита на растенијата.

Понатамошни тековни активности во рамките на проектот предвидуваат софтверско ажурирање на податоците во врска со заштитата на растенијата – болести, штетници, како и препарати за нивна заштита.

Во изведување на теоретскиот и практичниот дел беа вклучени професорите од областа на заштита на растенијата од Земјоделскиот универзитет во Пловдив, а како гости на проектот беа членовите од Федерацијата на фармери на Р. Македонија, Агенција за развој на земјоделието П.Е. Битола и раководниот тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (Земјоделски факултет и Факултет за информатика).

Последен пат изменето на Понеделник, 23 Мај 2016 14:37
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…