Образование

Задолжителен сертифициран педагошки тренинг за сите кои се дел од високото образование е една од препораките на извештајот „Модернизација на високото образование“ на Европската комисија за подобрување на наставата во високото образование.

Во изминатиов период Универзитет „Гоце Делчев“ беше дел од европската Конференција „Актуелните трендови во високото образование“. Конференцијата има за цел интернационализација на високото образование и усвојување на некои правила во образовниот процес кој ќе значи хармонизирање на високообразовните институции на ниво на Европа.

Студентите од Технолошко-технички факултет при УГД изработија модели за полесно совладување на азбуката. Станува збор за модели на дрвја кои беа изработени од мебел штоф, а целта е преку интересен визуелен начин полесно да се совлада азбуката.

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска (среда, 4.11.2015 г.) одржа инфо ден за новиот повик за образовната програма „Еразмус плус“.

Питер Хигс, физичарот по кој е именувана честичката Хигс Бозон, верува дека ниту еден универзитет денес нема да сака да го вработи бидејќи би го сметале за недоволно продуктивен.

Дали сите учиме исто, дали некому му се потребни помалку часови практично совладување на материјата која ја учи, во однос на друг кој истото ниво на знаења и умеења го постигнува со многу поголем труд.

Страница 22 од 24

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…