Студенти од ФТБЛ освоија прва награда на натпревар за идеи

Согласно со Програмата за локален економски развој за 2016 година, Општина Гази Баба објави Јавен повик за натпревар во бизнис иновативни идеи-судија на случај, за организација на манифестација, работилница, проект или настан кои опфаќаат различни теми поврзани со бизнис, култура, туризам, гастрономија, спорт, музика и слично, што би се одржал на територијата на Општината во текот на наредната година.

Во бизнис салата на Скопскиот саем се одржаа презентација и избор на најдобри иновативни бизнис идеи, каде што учествуваа повеќе предлог-проекти. Сите учесници добија благодарници, а најдобриот проект добива поддршка од институциите и Општината за неговата реализација.

Петчлена Комисија составена од: претставник од Општина Гази Баба - Сашо Трајков, раководител на секторот за ЛЕР & ИКР, членови од Бизнис клубот на Општина Гази Баба - Славе Андев од компанијата „Kенди“ и Ѓоко Петровски од компанијата „Турбоинженеринг“, доц. д-р Дејан Методијески од Факултет за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип и проф. д-р Милена Талеска од Природно-математички факултет, Институт за географија при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје одлучи за најдобрите кои добија сертификати и парични награди, во вкупна вредност од 300.000 денари:

  1. Прва награда – „Вкуси ја Гази Баба“, студенти Александар Нацов, Ивана Ѓеоргиева и Марија Денковска, насока Гастрономија, исхрана и диететика на дисперзираните студии во Скопје, 150.000 денари;
  2. Втора награда – „Drive in Кино“, 100.000 денари;
  3. Трета награда – „Манифестација етно храна, пијалак и ракотворби од мали македонски претпријатија“, 50.000 денари.

Градоначалникот Тони Трајковски во своето обраќање изјави дека Општина Гази Баба ќе продолжи во ваква насока со поддршка на проекти од ваков тип, кои овозможуваат мотивација на студентите, младите и сите жители на Општината кои имаат добри идеи за започнување на сопствен бизнис, со цел да се придонесе да се реализираат и да се развиваат креативните идеи.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 19 Декември 2016 13:10
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…