(Видео) Студентите од ТТФ со текстилни табли им помагаат на најмладите да ја научат азбуката

Студентите од Технолошко-технички факултет при УГД и оваа година изработија текстилни едукативни табли за најмалите ученици во основните улилишта во Штип. Станува збор за табли кои се изработени од текстил, преку кои учениците на креативен и лесен начин ќе ја учат азбуката.

И минатата година нашите студенти изработија вакви текстилни табли. Целта е да им се помогне на училиштата. Ова е инспирација од децата и од нивните цртежи. Врз основа на тие цртежи ние ги изработивме текстилните табли. Целта е визуелно да им ја доближиме азбуката за да не им биде пречка, туку предизвик за нашата азбука изјави професорката од ТТФ, доц. д-р Ванѓа Димитријева

Едукативните табли заедно со цртежите денес беа изложени во Домот на младите во Штип со кого Факултетот соработува на овој проект кој е насловен „Моето ново дрво, мојот нов свет“.

Овој настан е наменет за учениците во основното образование. Настанот е со цел да им ги презентираме овие табли. Во исто време да ги мотивираме учениците полесно да ја научат азбуката. Овој настан го споивме со уште еден настан, а тоа е изложбата на членовите од Ликовното студио при Домот на младите под водство на Сара Петров  истакна директорката на Домот на младите, Вишна Шорова-Ангелова

Студентите кои ги изработија овие едукативни текстилни табли велат дека на нив работеле цел семестар по предметот Нови медиуми, со цел успешно и убаво да ја презентираат кирилската азбука. Покрај цртежите и едукативните текстилни табли, ТТФ ќе изработи и капути за оние деца на кои им се најпотребни и во предновогодишните празници ќе им ги донира. Од ТТФ велат дека овој настан на малку хуманост пред нова година ќе стане пракса на овој факултет и на студентите.

Видео

Последен пат изменето на Вторник, 27 Декември 2016 08:58
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…