Потврдите за редовни студенти УГД ќе ги доставува до Фондот за ПИОМ

Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип веќе нема да имаат обврска да вадат потврди за редовен студент од службите за студентски прашања за да ги поднесат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, за регулирање на правото за семејна пензија.

Со најновиот Mеморандум за соработка, кој го потпишаа УГД и Фондот за ПИОМ, овие податоци Фондот ќе ги добива по службена линија, бидејќи двете институции ќе ги поврзат своите информациски системи.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија (ПИОМ) потпишаа Меморандум за соработка, преку кој се овозможува системска интеграција на информациските системи на двете институции.
Системската интеграција на двата системи се однесува на електронска размена на податоци за студенти кои воедно се корисници на семејна пензија од ПИОМ, согласно со законските надлежности на двете институции.

Реализацијата на Меморандумот за соработка ќе придонесе кон подобрување на ефективноста и ефикасноста во работата на двете институции, како и огромно олеснување за студентите кои ќе бидат ослободени од процесот на поднесување на документ за потврда за студент во ПИОМ, а во насока на регулирање на правото на користење на семејна пензија.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…