Лекари од САД одржаа работилница за пластична хирургија на УГД

Двајца лекари од САД денеска пред студенти, професори и лекари од Штип одржаа предавање на тема „Пластична хирургија и третман на рак на дојка“.

- Овде сум по покана на Министерството за здравство на Република Македонија за да ги научиме, но и да научиме нешто од лекарите овде. Ова е голема привилегија за мене да зборувам пред студентите на УГД. Денес ќе зборувам за основите на пластичната хирургија - изјави д-р Дејвид Ларсон, хирург од Милвоки, САД.

Двајцата лекари потенцираа дека студентите во Штип се одлично теоретски подготвени и дека со нив имаат добра соработка.

- Нашето искуство е различно. Ова е трета година како доаѓам во Македонија. Видов одличен интерес за медицинско образование од студентите. Има програми кои се малку различни од нашите во САД и тоа е една од причините што сме овде. Секогаш кога доаѓаме учиме многу за системот и она што можам да го кажам е дека до сега квалитетот на студенти со кои работиме е одличен - изјави д-р Џејмс Вудс, хирург од Милвоки.

Лекарите се дел од проект и речиси секоја седмица лекари од врвни клиники и универзитети во САД се присутни на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што со студентите ги споделуваат најновите трендови во областа на медицината. Од разговорите со студентите тие истакнуваат дека тоа што имаат можност да го слушнат од овие врвни професионалци е невозможно да се слушне на ниту едно друго место. Според најавите од Факултетот за медицински науки, оваа пракса ќе продолжи и понатаму и соработката со универзитетите и клинките во САД ќе се продлабочува.

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…