Ова се тројцата најдобри фотографи од конкурсот на УГД

Фотографијата на Сергеј Смилков, студент во прва година на Ликовната академија при УГД, е избрана за најдобра фотографија на неодамнешниот конкурс објавен од страна на УГД.

Втората награда ја доби фотографијата на студентот Халид Хоџиќ од Филмската академија при УГД, а третото место му припадна на Горан Србиновски, студент на Музичката академија при УГД.

Тројцата најдобри учесници ќе добијат парични награди:

прво место: 10 000 МКД – Сергеј Смилков

второ место: 6 000 МКД – Халид Хоџиќ

трето место: 4 000 МКД – Горан Србиновски

Конкурсот беше на тема „Мојот универзитет“, а 20-те најдобри фотографии кои пристигнаа на конкурсот ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ на 23 март во 18 часот.

 

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…