Правниот факултет ве поканува на седмата Ораторска вечер

Правниот факултет при УГД и оваа година организира Ораторска вечер со јавни говори на студентите. Пријавувањето заврши и сѐ е подготвено за утрешниот настап на студентите пред присутните.

Ораторската вечер ќе се одржи утре (30.3.2017 г.) во 19 часот во Свечената сала на Правниот факултет (стар Ректорат). Во рамките на оваа манифестација се поканети сите заинтересирани студенти и останати граѓани кои сакаат да ги слушнат говорите на студентите на различни теми.

Ораторската вечер е во организација на Правниот факултет при УГД и Клубот на оратори „Ростра ветера“.

Сите говори од минатата година можат да се проследат на следниот линк https://www.youtube.com/playlist?list=PLHcS9CAgVrFhGha-KCwdethFbAnrylCqx

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…