Документарец на студентите на ФОН промовиран во Пула

Документарниот филм „Македонскиот идентитет низа историјата“, кој го изработија студентите на Факултетот за образовни науки при УГД, беше промовиран во Пула, Република Хрватска.

Во организација на Македонскиот културен форум, а под модераторство на Алдо Климан,  филмот го промовираше Ѓорѓи Ефремов, студент на ФОН, на насоката Историја и археологија. Ефремов престојува во Пула преку програмата Еразмус плус, како волонтер во организацијата Македонски културен форум, а во текот на својот престој ќе учествува на уште четири настани од јавен карактер, на кои ќе се дискутира за некои од дилемите на македонската историја.

Последен пат изменето на Четврток, 30 Март 2017 13:09
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…