Теренска настава на ФТБЛ

Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираше теренска настава за студентите од наставните центри во Штип, Скопје и во Гевгелија. Теренската настава се реализира традиционално во овој период од годината, а овојпат локацијата беше во североисточниот дел на Македонија.

Осумдесетина студенти, заедно со неколку професори од ФТБЛ, ги посетија црквата „Св. Ѓоргија“ во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, а во Кратово ги посетија Саат кулата и Музејот, како и карактеристичните мостови и кули.

Последен пат изменето на Петок, 31 Март 2017 12:17
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…