Студенти од ФТБЛ со сребрени и бронзени медали на кулинарски фестивал во Хрватска

Десетмина студенти и четворица професори од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на XII Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“, кој се одржа на островот Брач во Хрватска.

На фестивалот учествуваа над двесте натпреварувачи од Европа и од светот. Три тима составени од студенти од ФТБЛ се натпреваруваа во категоријата јуниори – национални јадења на модерен начин и во конкуренција на триесет тима освоија две бронзени медали и еден сребрен медал. Тим 1 составен од Драган Таневски, Слободан Јовановски, Синиша Чамџиќ и Мите Марков; тим 2: Марија Вангелова, Ангел Илиев и Роберт Стоилков; тим 3: Ивана Ѓоѓиева, Александар Нацов и Кристијан Мијалковски. Ментори на тимовите беа: Тања Ангелкова-Петкова – сребрен медал со тим 1,  Нако Ташков – бронзен медал со тим 2, Дејан Методијески и Оливер Филипоски – бронзен медал со тим 3. Доделувањето на наградите беше организирано на свечена церемонија во луксузниот хотелски комплекс каде што се одржуваа натпреварите.

Покрај натпреварувањето, претставниците од УГД остварија контакти, се развија и идеи за идна соработка со факултетите за туризам и угостителство во Сплит - Хрватска, Познањ – Полска, Блед – Словенија и во Валона – Албанија.

Исто така, студентите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на островот Брач, ги посетија Златни Рат, Бол, Супетар и дестинацијата Сплит, која има објекти заштитени од УНЕСКО.

Последен пат изменето на Вторник, 11 Април 2017 13:26
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…