Над 30.000 студенти на УГД од основањето досега

Од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, па се до академската 2016/2017 година, се запишале вкупно 30.856 студенти.

Во бројот на запишани студенти предничат Факултетот за туризам и бизнис логистика, на кој се запишале вкупно 6156 студенти, и Факултетот за медицински науки, низ кој поминале 5458 студенти. Традиционален е интересот и за општествените науки, за Економскиот и Правниот факултет, Филолошкиот и Факултетот за образовни науки  како  и за техничките науки, Земјоделскиот факултет. Последните години значајна е бројката на заинтересирани и за Факултетот за информатика, а својата иднина вљубениците во уметноста ја препознаа и на Ликовната и Музичката академија.

На Вториот циклус на студии на УГД, од 2009 до 2016 година се запишале вкупно 2326 студенти, а на третиот циклус – докторски студии, од 2011 до 2016 година се запишале 131 студенти.

Последен пат изменето на Четврток, 10 Август 2017 12:45
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…