Студенти на Филолошкиот факултет на Летна школа во Турција

Групата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Гоце Делчев“, која едуцира идни наставници по турски јазик и книжевност и преведувачи од турски на македонски јазик и од македонски на турски јазик, секоја година благодарение на проектот „Туркологија“ испраќа неколку студенти во Турција на Летната школа на Институтот „Јунус Емре“ – турски културен центар.

Студентите на оваа Летна школа во Турција ги применуваат своите знаења, а воедно ги прошируваат своите знаења за турскиот јазик и турската култура. Воедно заедно со студентите од целиот свет групно ги посетуваат природните и историските знаменитости на Турција.

Оваа година учесници на оваа Летна школа се Нела Попова и Даниела Василева кои сè уште се во Турција. Тие ни испратија фотографија и ни го напишаа следното „Ние тука супер си поминуваме, учиме и се дружиме“.

Последен пат изменето на Среда, 16 Август 2017 08:58
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…