Повик за студенти - Билатерален бугарско-македонски семинар „Обликување на нашата заедничка иднина“

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Институтот за економски политики во Софија и Германската фондација „Ханс Зајдел“ го организираат Билатералниот бугарско-македонски младински семинар со наслов „Shaping Our Common Future“.

Семинарот ќе се одржи во Банско, Република Бугарија, од 28 септември до 1 октомври 2017 година, каде што ќе учествуваат вкупно 30 студенти, од кои 15 студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и 15 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Целта на семинарот е зголемување на знаењата меѓу студентите во доменот на европската интеграција, разрешувањето на конфликтите, толеранцијата и моделите на градење на доверба и соработка. Исто така, семинарот има за цел да помогне во градење на студентски мрежи меѓу двете земји и поттикнување на активности кои ќе произлезат и ќе бидат реализирани заеднички меѓу студентите од двата универзитети.
На семинарот ќе предаваат професори од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Катедрата за европеистика и Катедрата за политички науки при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија и истражувачи од Институтот за економски политики во Софија.

Се повикуваат студентите на Правниот факултет да поднесат апликација за учество на семинарот најдоцна до 7 септември 2017 година на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Потребно е студентите да имаат добро познавање на  англискиот јазик, мотивираност да ги збогатат нивните знаења во доменот на европските интеграции, разрешувањето на конфликтите и толеранцијата и да бидат подготвени да работат во групи со студенти од друга држава. Исто така, потребно е да имаат пасош важечки  најрано до 2 октомври 2017 година.

Учеството на семинарот е бесплатно. Сите трошоци за хотелско сместување, храна, превоз и материјали за семинарот ги покрива германската фондација „Ханс Зајдел“.

ЗА ДА АПЛИЦИРАТЕ ПОПОЛНЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА СЕМИНАРОТ

Апликација

Повик

Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…