Се формира Балканска асоцијација за Еразмус + студенти

Еразмус плус програмата во изминатите години се покажа како една од најдобрите и најаплицираните од страна на студентите и преку неа голем број студенти на УГД остварија посети на реномирани европски универзитети, каде што реализираа и дел од своите наставни активности во еден или два семестри.

За студентите од Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина во наредниот период можностите ќе бидат збогатени, преку формирањето на Регионална балканска асоцијација за Еразмус + студенти. Универзитетот „Гоце Делчев“ ја поддржа ваквата иницијатива и преку својата Еразмус плус канцеларија објави повик со кој ги информира своите студенти и ги охрабрува да се вклучат во асоцијацијата.

Доколку сте биле Еразмус + студент, доколку сакате да патувате, да работите на проекти и доколку сакате да ја продолжите Вашата Еразмус + приказна во асоцијација формирана токму за Вас, придружете се и Вие!

Western Balkans Alumni Association (WBAA) – е непрофитна и невладина организација иницирана од Европската комисија која се базира на принципите на: демократија, кохезија, солидарност и еднаквост помеѓу студентите учесници во Еразмус + програмата на Западен Балкан, односно следниве земји:

  1. Македонија;
  2. Србија;
  3. Албанија;
  4. Црна Гора;
  5. Косово;
  6. Босна и Херцеговина;

Целта на организацијата е да се воспостави силна унија на алумни Еразмус студенти кои доаѓаат од земјите на Западен Балкан и ќе се залагаат за модернизација и подобрување на квалитетот во високото образование.

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип целосно ја поддржува и се вклучува во оваа иницијатива и ги охрабрува студентите да се приклучат во истата.

ЛИНК: https://www.facebook.com/WesternBalkansAlumniAssociation/

https://www.facebook.com/ugderasmus/

За повеќе информации обратете се до Еразмус + канцеларијата при УГД.

http://cmus.ugd.edu.mk/index.html.

 

Последен пат изменето на Четврток, 07 Септември 2017 13:38
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…