Платена пракса за студентите од III и IV година на КИТ и КН - Факултет за информатика

Со цел да се поттикне и продлабочи соработката помеѓу Acceko CEE и образовните институции, Acceko CEE - Скопје организира програма за обука на млади софтверски инженери – Young software engineers program, за студентите од факултетите од областа на информатичките науки и технологии.

Практикантската програма ќе се состои од два дела, при што првиот дел е вовед во банкарски софтвер преку презентации и пренесување на стручно знаење, додека вториот дел ќе биде директно учество на студентите во работилници за изработка на банкарски софтвер преку инструкции од страна на стручни лица од Acceko CEE.

Обуката ќе трае во периодот од 2.10.2017 година до 1.11.2017 година. Секој студент ќе биде платен за учество во висина од една просечна македонска плата за времетраење на обуката.

Сите студенти кои ќе бидат избрани да одат на пракса ќе бидат ослободени од настава во тој временски период.

Оглас (.pdf)

Последен пат изменето на Среда, 13 Септември 2017 12:12
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…