Еразмус плус ми овозможи да го следам негувањето на македонската култура во Хрватска

Можностите што ги нуди програмата за размена на студенти Еразмус плус се од големо значење за студентите, кои со посета на некој реномиран универзитет во Европа реализираат дел од своите наставни активности, се запознаваат со културата, историјата, знаменитостите на градот и на државата во којашто престојуваат, но и остваруваат научни и истражувачки активности.

Приказната на Ѓорги Ефремов, студент на Факултетот за образовни науки, насока Историја, покажува дека насекаде може да се најде област или тема на интерес која е поврзана и со Република Македонија. Тој во Пула, Република Хрватска, меѓу другото имаше можност да истражува и да осознава за негувањето на македонската култура во Хрватска, а приказната ја споделува со сите нас.

„Во четвртата година од студирањето станав дел од Еразмус програмата за пракса. Како студент на Факултетот за образовни науки на насоката Историја добив можност да заминам во Пула, Република Хрватска. Освен одличната можност за надградување на сопственото знаење и искуство, причина за аплицирање на Еразмус програмата беше и мојата сентименталност, пасија и цел кон работата што требаше да ја извршувам во Хрватска. Како иден историчар од особена важност е живо или директно да се запознаам со темата што ја истражувам, а токму оваа размена ми го овозможи тоа. Кога реков за мојата сентименталност кон историјата како наука не зборувам само за знаењето како збир на информации, туку и на чувствата што се провлекуваат со тоа.

Во Пула станав волонтер во организацијата на македонското малцинство – ‛Македонски културен форум‛, каде што ја следев и зедов учество во работата на организацијата. Додека пак целта на организацијата беше да го заштитува, негува и промовира македонскиот идентитет со сите негови елементи и во секој сектор од битисувањето на Македонците таму. Периодот поминат таму ми овозможи да соберам информации за негувањето на македонската култура во регионот Истра. Менторот Алдо Климан успеа живописно да ги елаборира сите потребни информации што јас систематски ги собирав во тримесечниот период. Преку нивната организација успеав да стапам во контакт со бројни интелектуалци кои живеат во тој западен регион. Освен официјалните документи на кои се темелат моите наоди, за кои се надевам ќе бидат објавени во прва пригода, како своевиден труд, членовите на организацијата ми овозможија личен контакт и споделување на податоци од прва рака. Освен тоа, јас самоиницијативно дадов свој придонес кон тамошната заедница. Во првиот месе , повторно во координација на г. Климан, да се промовира документарниот филм ‛Македонскиот идентитет низ историјата‛ во продукција на студентите на Факултетот за образовни науки при Универзитетот ‛Гоце Делчев‛ во Штип. Промоцијата доби одгласи и во медиумите на градот Пула. Со тоа постигнав две цели, промовирање на активностите на студентите на факултетот што го застапувам, како и на Еразмус организацијата што го овозможи сето тоа. Во последниот месец, пак, учествував на познатиот Фестивал на мултикултурата во организација на Истарската жупанија. Таму дадов отчет за причината и работата извршена во изминатиот период. Целиот престој беше свечено завршен со моето присуство на концертот на ансамблот ‛Деспина‛, кој исто така е дел од организацијата на Македонците во Пула. Слободното време го исполнував со патување и дружба со останатите Еразмус студенти кои беа дојдени од многу европски држави. Таквиот контакт овозможува социолошки развојот, кој е важна особина на секој зрел човек. Една од најголемите придобивки е унапредување на лингвистичките способности во учење и примена на други јазици, странски за нас. Животот, пак, поминат во средина различна од онаа во која сум пораснал овозможува стекнување на вештини, зголемувајќи го погледот кон многу сфери од животот“.

Последен пат изменето на Среда, 13 Септември 2017 10:47
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…