Деканот проф. д-р Рубин Гулабоски одржа презентација на програмата Еразмус плус за студентите на ФМН

Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, на студентите на ФМН им ги презентираше можностите што ги нуди програмата за Еразмус мобилност и размена на студенти - Еразмус плус. Според него, ова е прва презентација за Еразмус плус за учебната 2017/2018 година и фокусот е на медицински науки.

- Целта е оваа програма да добие што поголема масовност, студентите да ги дознаат потенцијалите и можностите на програмата, да знаат што ги очекува, каде да аплицираат, за кои универзитети, и кои документи им се потребни за аплицирање. Освен тоа, освен основните информации за програмата Еразмус плус, им пренесуваме и дел од искуството што го имаме од оваа програма и зошто е добро да ги користат овие програми за размена – изјави деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Факултетот за медицински науки редовно одржува научни симпозиуми и конференции, па деканот Гулабоски ги најави и нив, како дел од активностите во кои можат да се вклучат студентите. Конкретните информации можат да се дознаат и од разговорот што го имате во прилог на оваа информација.

 

Последен пат изменето на Четврток, 21 Септември 2017 09:30
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…