„Чиста 10-ка“ – аплицирајте со својата бизнис-идеја за грант од 10.000 евра

Охридска банка организира натпревар за најдобра бизнис-идеја, во кој можат да се вклучат млади на возраст од 18 до 35 години.

Натпреварот е во рамките на кампањата „Чиста 10-ка“, a идејата е да се најдат најдобрите, најкреативни млади луѓе и да им се помогне да ја реализираат својата цел, да успеат во бизнис опкружувањето, да градат стабилна средина и да вработуваат други потенцијали. Идејата треба да биде реално остварлива, а може да конкурираат поединци или тимови со максимално 4 учесници. Oхридска банка најдобрата идеја ќе ја награди со грант од 10.000 евра и поддршка од банката во реализацијата на идејата. Аплицирањето е отворено до 22 октомври, а апликантите по поднесувањето на апликацијата ќе поминат и процес во кој ќе одговорат на серија прашања поврзани со нивната бизнис идеја.

Ohridska Banka Societe Generale сакајќи да допрe до младите и иновативни умови, а по повод 10 години во Македонија, ја промовира кампањата „Чиста 10-ка“ во која најдобрата бизнис-идеја ќе добие 10.000 евра!

Имаш иновативна идеја за бизнис?

- Ти фали грант од 10.000 евра?

- Можеш да собереш тим од 4 претприемачи?

Аплицирај на https://www.f6s.com/cista10 во периодот од 22 септември до 22 октомври 2017 г. и реализирај го твојот сон! За сите подетални информации посетете ја www.cista10.mk.

Брошура (.pdf)

Последен пат изменето на Вторник, 03 Октомври 2017 08:58
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…