Можности за пракса во Македонски телеком и во Лајкамобајл

Компаниите Македонски телеком и Лајкамобајл имаат потреба од студенти за пракса на повеќе позиции. Студентите на УГД можат да конкурираат за овие позиции под услови кои се објавени во повиците на двете компании.

Во повикот на Лајкамобајл стои:

Доколку се гледате себеси како практикант во динамична средина, полна со нови и интересни предизвици и можности за развој на Вашата кариера преку пракса во тимот за продажба и маркетинг и ги исполнувате следниве услови:

  • Студент на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, III или IV година, сите департмани;
  • Висока мотивација за стекнување на вештини и знаења од областа;
  • Желба за работа во тим;
  • Комуникациски и презентациски вештини, посветеност и сериозност во пристапот кон работата;
  • Желба за развој на кариера во секторот Телекомуникации,

Ве охрабруваме да ја испратите Вашата кратка биографија на следнава е-адреса:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака „За Практична настава“

Компанијата Телеком бара практиканти за одделите Техника, Продажба – продажни салони и Контакт центар во градовите Скопје, Тетово, Кичево, Битола, Куманово, Струга, Гостивар и во Прилеп.

⇒ ТЕХНИКА – ангажираните практиканти би ги извршувале следниве активности:

  • Отстранува пречки и врши инсталација на услуги на Македонски телеком на корисничка страна, во сите сегменти (секударна мрежа, внатрешна инсталација, CPE опрема, на бакарна и оптичка мрежа);
  • Внатрешната инсталација ја изведува во согласност со упатствата за работа;
  • Обезбедува инсталација или реконфигурација на CPE опрема согласно со упатствата за работа;
  • Се грижи и одговара за точност на внесените податоците во налозите во апликација;
  • Работи преку апликација од терен, врши задолжување и раздолжување на налози во апликација од терен.

⇒ ПРОДАЖБА - ангажираните практиканти согласно со табелата подолу би ги извршувале следниве активности:

  • Ангажманот се однесува на helpers за промовирање на нови кампањи и производи на компанијата;
  • Помош при наплата на сметки на терминалот за самонаплата;
  • Помош на вработените во салоните.

⇒ КОНТАКТ ЦЕНТАР - ангажираните 14 практиканти би ги извршувале следниве активности:

  • Кампањи;
  • Истражувања;
  • Припејд дојдовни повици;
  • Регистрација на корисници.

Ангажираните практиканти за својата работа ќе добиваат месечен надомест од 10000 денари.

Последен пат изменето на Четврток, 19 Октомври 2017 14:56
Одбележен под
Share this article

СЛЕДЕТЕ НЕ

Регистрирај се

За да ги добиваш новите содржини внеси ја твојата е-маил адреса
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…